Вака гласеше пораката на Шеќерим Ахмети – Ел Чека напишана на Фејсбук, откако премиерот Зоран Заев во интервјуто на ТВ Клан Македонија  рече дека ќе побара негово апсење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 10:36

Ел Чека до Заев: Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото независен.мк

„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат бидејќи им ги вадам на виделина нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слусалка оние руските комичари.“

Веќе неколку дена Ел Чека се заканува со нови бомби…

Вака гласеше пораката на Шеќерим Ахмети – Ел Чека напишана на Фејсбук, откако премиерот Зоран Заев во интервјуто на ТВ Клан Македонија  рече дека ќе побара негово апсење.

Заев се правдаше дека неговите прислушувани разговори не се слични на оние кои ги објавува Ел Чека за раководството на ДУИ, пишува ИНА.

Инаку пред само два дена токму Ел Чека објави нова бомба, односно веќе слушната но сега тој ја објави целата верзија, од убиството за Мартин Нешковски.

Верзијата на Ел Чека од истиот разговор е дванаесет минути и дваесет секунди.

Сосема различен впечаток и спротивен на првиот пуштен од Заев се добива кога ќе се слушне подолгата верзија. Овој објавен разговор кој одговара на многу прашања и разјаснува многу дилеми. Од разговорот може да се чуе дека Груевски и Јанкуловска ниту имаат врска со yбиcтвото ниту со негово прикривање.

Оригиналната снимка која Чека ја објавил во понеделникот, а вчера вечер беше избpишaнa завчера се појави на руски видео сервис од aнoнимeн профил.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.