Двојазичност, име се продаде, со Бугарија се здруживме, се продаде се што постои Македонско. Молам на господ со лева рака да се врати Груевски и да биде тука малку главен и да не спаси.

Објавил: Македонка Димкин | 1 февруари, 2019 14:44

Емотивна исповест на разочаран член на СДСМ во ТВ24

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Уште пред неколку години Никола Груевски го опиша целото сценарио што ќе и се случи на Македонија. Им рече на граѓаните дека бара 63 пратеници, бидејќи Заев е донесен да го промени името и да воведе кантонизација, но за жал многу луѓе не му поверуваа до ден денес.

Разочаран бивши симпатизер на СДСМ се јави на телевизија24 и го опиша неговиот пат до разочарувањето на оваа власт.

Тој и како многу други луѓе веруваа дека со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт ќе се променат многу работи во Македонија на подобро, меѓутоа се случи токму она што поранешниот премиер Никола Груевски го предвиде за актуелната власт и за судбината на Македонската држава.

Се промени име, почна да се спроведува тиранската платформа, двојазичноста полека почна да се реализира во сите државни институции и многу други работи кои влијаат негативно на Македонската држава и народ.

Потешка судбина Македонија не можеше да ја снајде.

Во продолжение ви го доставуваме говорот на незадоволниот симпатизер од СДСМ кој бара од Никола Груевски да се врати на власт и да ја среди државата.

Јас кога бев против Груевизмот, сакав да го соборам Груевски. Меѓутоа ние не го соборивме, има 49 пратеници, а тогаш ВМРО имаше 51, значи пак ние изгубивме, изборите не ги изгубивме, него милум силум дојдовме.

Тој народ што шеташе по улица, кога викаа дека ќе има тиранска платформа, ќе има двојазичност, ќе има промена на име, ќе има Бугарски договор, ние не верувавме. Викавме : Неее е ние кој, нема шанси тоа да биде, нема шанси да биде.

Е сега кога видов стварно дека се е вистина, молам на господ со лева рака да се врати Груевски и да биде тука малку главен и да не спаси, инаку ова е стварно невозможно, еве не можам и апчиња пијам, млади луѓе почнаа апчиња да пијат, ова е стварно страшна работа.

Двојазичност, име се продаде, со Бугарија се здруживме, се продаде се што постои Македонско. Тој додаде дека не може повеќе да зборува и дека народот ќе ја казни оваа влада на избори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...