Откако портпаролот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најави "операции на земјата во странство", во САД непознат напаѓач се обидел да влезе во домот на Фетула Ѓулен

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 8:51

Ердоган јавно најави ,,операции на Турција во странство”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Непознат маж се обидел насилно да влезе во резиденција на турскиот опозиционер Фетула Ѓулен, кој се крие во егзил во државата Пенсилванија, во САД.

Вчеравечер, непознат маж се обидел да провали во куќата каде се крие најголемиот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврди организацијата која се грижи за безбедноста на Фетула Ѓулен и додаде дека има можност зад упадот да се крие турската влада.

Според соопштението на здружението “Alliance for Shared Values”, непознат вооружен маж се обидел да влезе во комплексот Сајлосбург , каде подолго време е во егзил турскиот опозиционер, кој за Ердоган е главен иницијатор на неуспешниот државен удар во 2016 година.

Чуварот пукал како предупредување во воздух , по што лицето се дало во бегство. Во инцидентот нема повредени, а полицијата го прегледува комплексот.

До инцидентот дошло откако портпаролот на Ердоган најави ,,операција во странство” против приврзаниците на Ѓулен .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.