Луксузната палата од Турскиот претседател Ердоган една од најмодерните претседателски палати во светот. Внатрешниот ентериер е од непроценлива вредност.

Објавил: admin@magazin | 19 ноември, 2018 22:38

Невиден луксуз – Палатата од Турскиот претседател Ердоган вредна 600 милони долари.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ужива во својата палата во Анкара вредна 600 милиони долари. Невиден луксуз ја краси внатрешноста на Аксарај или во превод што значи Бела палата.

Ентериерот е со непроценлива вредност јавуваат турските медиуми. Оваа палата е завршена точно пред 3 години и е 30 пати поголема од белата куќа во Вашингтон. Во неа е сместен Турскиот претседател Ердоган а тој има на располагање 25 соби од 1.110 соби колку што се вкупно во палатата.

Внатрешноста на палатата на Турскиот претседател Ердоган вредна над 600 милиони долари.

Како што знаеме Турците се големи љубители на теписи а исто така и нивната традиција се залага за модерен ентериер и дизајн.

Теписите во Белата палата чинеле 9 милиони долари, додека завесите се во вредност од 8 милиони долари, а додатни 6,5 милиони долари се дадени за дупли стаклени врати.

Секоја чаша во Турската плата набавена е по цена од 320 долари што е право богатство.

Многу е занимливо исто така,што во палатата има и бункери,кои можат да издржат биолошки,нуклеарни и хемиски напад.Ова според светските информации и истражувања е најголемата палата изградена во последниве 100 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.