Новинарот секојдневно се соочува со прашања од етичка природа како што се фалсификување, кршење на авторските права, конфликт на интереси, прикривање на информации, повреда на приватноста итн.

Објавил: Македонка Димкин | 5 март, 2019 10:53

Етиката и моралот појаки од соптвениот интерес, тоа треба да е новинарот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новинарот секојдневно се соочува со прашања од етичка природа како што се фалсификување, кршење на авторските права, конфликт на интереси, прикривање на информации, повреда на приватноста итн. Наведените предмети се длабоко вкоренети во современото општество, и не само во новинарството.

Довербата во стручната работа е од голема важност.

Тој ги проверува изворите на информации и доколку е во можност ги наведува истите. Во својата работа, новинарите се должни да ги бранат човековите права, достоинство, слобода и вредности, да се почитува плурализмот на идеите и ставовите, да се противат на сите форми на цензура, да придонесуваат за зајакнување на владеењето на правото и како дел од јавноста да учествува во демократска контрола на моќта и авторитетот на власта.

Ако новинарот еднаш ги излаже читателите, тие веќе нема да му веруваат и кога тој ја зборува вистината – а со тоа и автоматски нема да му веруваат на медиумот за кој тој новинар работи. Затоа, новинарот е должен да обезбеди точни, целосни и заверени информации.

Кога известува за теми за кои постојат различни релевантни точки, а посебно кога се оптужува, новинарот треба да ги презентира сите тие ставови во јавноста. Новинарот во модерната демократија е должен да ја почитува етиката на јавните изјави и култура на дијалог и да го почитува угледот  честа и достоинството на  лицето или групата со која полемизира

Клучната работа е медиумите во секојдневната работа да постапуваат според новинарските стандарди. Ова би значело, во најмала рака:

» редовно да проверуваат од кој извор стигнала информацијата и ако им е непознат да го проверат и самиот извор (ова е особено важно за информации добиени по интернет зашто веќе сите знаеме како се користат социјалните мрежи и интернет медиумите за ширење дезинформации и пропаганда);

»доколку, во трка со времето и желбата за ексклузивност во информирањето, се случи да објават неточна информација » да објават и корекција, да и се извинат на публиката, да ја повлечат неточната вест;

» доколку од засегнати страни добијат одговор или исправка, да ги објават онака како што е пропишано во Законот за медиуми (и овие правила важат за сите медиуми без оглед на средството преку кое се пренесуваат);

»да се држат до правилото за објективно и непристрасно известување што значи да не бидат ниту нечии апологети, но и да не шират пропаганда.

Листава може да продолжи натаму, но доволно би било секој новинар, уредник и сопственик на медиум редовно да го консултира Кодексот на новинарите – таму има одговори на многу дилеми што можат да се појават. И, секако да бидат свесни за своите законски обврски, кои, кога станува збор за избори, се пропишани во Изборниот закони вели  директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  (АВМУ) Зоран Трајчевски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.