Оној кој што му дал зелено светло на Заев за сите амнестии, измени во кривичниот законик и пазарења со пратеници е амбасадорот на ЕУ, Самоел Жбогар, според дипломатски извори

Објавил: Данаил Михајловски | 28 декември, 2018 11:09

Жбогар му ветил на Заев “фин извештај“

Фото/Текст извор: ©магазин

Критиките на јавноста за политичкиот пазар на штета на правото што го прави Заев, се големи. Но, премиерот не е загрижен бидејќи добил ветување лично од амбасадорот Жбогар, според нашите дипломатски извори, дека извештајот на Европската Комисија во Март 2019-та ќе биде позитивен и дека Жбогар ќе се потруди во него да нема забелешки за мешањето во судството преку амнестиите. Битно е само да се смени Уставот, а се друго ќе биде фино покриено со дипломатски фрази во извештајот. 

И Жбогар и Заев нашле заеднички интерес во ваквиот пристап кон законите, собранието и судството во Македонија. За Жбогар е најважно да се покаже пред Могерини и Хан како амбасадор кој ќе го истурка до крај процесот на менувањето на Уставот на Македонија и примената на Догорот од Преспа, а со тоа на неговите шефови во Брисел да им овозможи да имаат и некаков успешен случај пред крајот на мандатот. Бидејќи во Брисел веќе имало критики за ангажманот на Могерини и Хан дека ниту во Косово, ниту во Босна, ниту во Турција, ниту во Албанија не успеале да постигнат видлив напредок, со што ЕУ би можела да се пофали како озбилен играч во регионот. Македонија преку остварување на Преспанскиот договор е последната шанса за Могерини и Хан да ги оправдаат своите високи позиции во ЕУ и да се надеваат на нешто плус и понатаму. 

Од негова страна, за Заев е важно во извештајот да ги нема критиките за тргувањето со правото и политичкиот пазар со амнестиите и кривичниот законик. Со таков позитивен извештај Заев се надева дека ќе може да ги ублажи критиките од стручната јавност и граѓаните и да ги увери дека тој како премиер ја води земјата на исправен начин. Но, сметките на Заев и Жбогар може да им ги пореметат амбасадорот на Франција, амбасадорот на Холандија и амбасадорот на Данска (резидентен во Белград), кои целокупното мешање на владата во Собранието, обвинителството и судството го оцениле како “суштински проблем за владеењето на правото“, како што напишале во своите извештаи до Париз, Хаг и Копенхаген.  Но, Жбогар сепак бил сигурен дека Могерини и Хан сеуште имаат доволно силен авторитет во Брисел, за да можат да најдат начин вешто да ги премостат забелешките на дипломатите на Франција, Холандија и Данска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести