На успешно спроведениот референдум во 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2019 17:50

Жбогар развеселен заигра “МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ” за Денот на независноста (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На прославата во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на независноста, евроамбасадорот Самуел Жбогар заигра македонско оро, додека пееше Виолета Томовска, пишува Независен.

Жбогар играше на песната „Македонско девојче“.

Во неговата 22-годишна кариера како дипломат, 54-годишниот Самуел Жбогар е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика. Во 1993 година, тој ја отвори словенечката амбасада во Пекинг каде што работел до 1995 година.

Во периодот меѓу 1997 и 2001 година, тој беше заменик-амбасадор на Словенија во Обединетите нации (ОН) во Њујорк и заменик на Постојаниот претставник на Словенија во Советот за безбедност на ОН кога Словенија беше привремена членка во 1998 и 1999 година. Во тоа време, претставник на Словенија беше Данило Тирк, кој подоцна стана словенечки претседател.

На успешно спроведениот референдум во 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.