Упатувам и неизмерна благодарност за големата поддршка која Охрид и нашата држава ја добиваат од Европската Унија во сите сфери на општественото живеење.

Објавил: Владо Марин | 12 септември, 2020 9:34

Георгиевски: Амбасадорот Жбогар е еден најголемите пријатели на нашиот Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во мое лично име и во името на Општина Охрид сакам јавно да го поздравам Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, со искрени желби за уште поголеми успеси во неговиот иден ангажман и нови можности за заедничка соработка, изјави градоначалникот на град Охрид, Константин Георгиевски!

Амбасадорот Жбогар е еден најголемите пријатели на нашиот Охрид и чест ми е уште еднаш да ја искажам мојата огромна почит за неговата тековна заинтересираност за зачувување на природните и културните вредности во Охридскиот регион, рече градоначалникот!

Упатувам и неизмерна благодарност за големата поддршка која Охрид и нашата држава ја добиваат од Европската Унија во сите сфери на општественото живеење.

Амбасадорот Жбогар е еден најголемите пријатели на нашиот Охрид, вели градоначалникот Георгиевски!

Водени од желбата за воведување на напредни европски стандарди и утврдување на современи принципи за развој, тој се надева дека и во иднина ќе се градат големи пријателства и ќе се има можност да создадат значајни меѓународни партнерства.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар најави дека на крајот на септември ќе ја напушти функцијата која ја извршува и Македонија.

Тој преку социјалните мрежи објави дека во преостанатите денови секој ден ќе објавува по една слика што ќе му остане во сеќавањата.

 Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години, напиша Жбогар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...