Дали рехабилитацијата ќе биде успешна ?

Објавил: Узунов Бобан | 20 април, 2019 12:56

Жени и деца на косовски џихадисти се враќаат во Косово

Фото/Текст извор: ©магазин

74 деца и 32 жени, како и двајца борци на Исламска држава во Сирија, сите државјани на Косово, ноќеска се вратени со големи мерки на безбедност. 

Повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, заминале за Сирија во 2012 година. Околу 70 мажи кои војувале на страната на исламистичките екстремисти биле убиени за време на немирите. Полицијата нагласи дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на боиштата, биле заробени откако џихадистичката група „Исламска држава“ ги губела своите подрачја.

Останува нејасно дали до денеска се вратени сите државјани на Косово од боиштата на Блискиот исток. Ниту министерот, ниту пак полицијата не дадоа одговор за тоа дали во Косово се вратиле борците.

Меѓународната и локална безбедносна агенција претходно предупреди на ризикот кој го претставуваат повратниците. Во 2015 година, Косово изгласа закон со кој учеството во странските војни се казнува со казна до 15 години затвор.

Косовските власти веруваат дека на воените боишта во Сирија се наоѓаат уште 30 косовски борци, како и 49 жени и 8 деца. Косовскиот министер за правда изјави дека на овој начин ќе им се пружи втора животна шанса. Но, тој додаде дека сите оние за кои има докази дека сториле некакво кривично дело, вклучувајќи ги и жените, ќе бидат кривично гонети. Американската влада го поздрави овој чекор на косовската влада. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести