Жерновски со самодоверба: од ЕУ очекуваме одлука за датум за Македонија на Советот во јуни!

Објавил: Данаил Михајловски | 28 март, 2019 12:38

Жерновски сигурен: Во јуни датум за преговори со ЕУ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Заменик министерот за надворешни работи, Жерновски, е прилично сигурен во добивањето на одлука на датум за преговори со ЕУ, на Самитот во јуни. Жерновски, кој ја претставува владата на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Стразбург, истакнува дека Преспанскиот договор и досегашните владини реформи се доволна гаранција дека Македонија ќе го добие одамна заслужениот почеток на преговорите со Европската Унија.

Очекуваме определување на конкретен датум за преговори на нашата земја со ЕУ, од страна на Советот на ЕУ, во јуни оваа година. Отварањето на преговорите ќе значи продолжување на продукцијата на добри вести, инвестиција во стабилноста и просперитетот на ЕУ, демонстрација на кредибилност и посветеност кон основните ЕУ вредности. Тоа нема да значи членство, туку почеток на едно подолго патување кое ќе придонесе кон суштинска трансформавија на општеството. За нас, Европа значи многу повеќе отколку само унија, отколку само раст и економска сигурност. За нас, Европа значи да живееме во модерно, рамноправно и отворено општество, со јасни демократски стандарди, во кое владее правото, во кое живее солидарноста, во кое функционираат подобри судови и во кое правата се еднакви за сите рече заменик министерот Жерновски.

Мешовитиот парламентарен комитет кој во Стразбур го одржува својот 16-ти состанок под заедничко претседавање на пратеникот Алојз Петерле од Словенија (член на ЕНП) и пратеникот Горан Милевски, член Либерално демократската партија. Жерновски и Горан Милевски беа сопартијци во рамките на ЛДП, но пред локалните избори Жерновски одлучи да премине во редовите на СДСМ, а во замена да го добие местото заменик министер за надворешни работи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.