САД не се откажуваат од намерата да достават хуманитарна помош во Венецуела

Објавил: Узунов Бобан | 24 февруари, 2019 8:32

Жртви на протестите помеѓу Венецуела и Колумбија (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Жестоки судири има меѓу војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија.

Како што објави Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми, едно лице загинало, а 14 се повредени во конфликтот меѓу војската и демонстрантите. Но, има и информации од други медиуми дека загинале 4 луѓе.

Конфликтот изби меѓу локалните жители и безбедносните сили на границата. Некои од венецуелските војници ги напуштија своите позиции на границата. 

Жестоки судири има меѓу војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија.

Околу 600 тони храна, лекови, средства за хигиена и друга хуманитарна помош главно од САД, се наоѓаат во Кукута, пограничен град во Колумбија.
Помошта ја донираат на барање на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гваидо, кого повеќе земји го признаа како привремен претседател. Во меѓувреме Мадуро трпи притисок за да поднесе оставка.

Мадуро вели дека хуманитарната операција е изговор за американска воена интервенција во Венецуела и негово симнување од власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.