Не пропуштам ни еден меч од Ѓоковиќ, јас сум негов најголем фан. Тој ја обележи историјата на тенисот и драго ми е сум сведок на неговиот успех.

Објавил: admin@magazin | 9 мај, 2019 1:05

КАСАНДРА ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ИНФОРМЕР: Лумпувам со песните на Цеца и Карлеуша, го обожавам Ѓоковиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Не пропуштам ни еден тениски меч од Ѓоковиќ. Јас сум негов најголем фан, просто го обожавам. Сакам да танцувам со песните на Цеца и Карлеуша иако не разбирам ниту еден збор, изјави за информер.рс, популарната глумица Кораима Торес, која ја играше улогата на Касандра.

Кораима Корес, звездата на теленовела “Касандра”, која ја обележија деведесеттите години ширум светот, во интервју за Информер изјави дека ги обожава србите.

Венецуелската глумица откри дека лудува по Новак Ѓоковиќ и лумпува на песните од Цеца и Карлеуша.

Кораима Торес, која се прослави во серијата Касандра, која се емитуваше во деведесеттите години.

Не пропуштам ни еден меч од Ѓоковиќ, јас сум негов најголем фан. Тој ја обележи историјата на тенисот и драго ми е сум сведок на неговиот успех.

Дали сте слушнале за некои наши звезди?

Секако, слушнав за Цеца и Карлеуша, ми се свиѓаат двете. Сакам да играм на нивните песни. Жалосно е што ништо не разбирам, но тоа не ме спречува да уживам во нивната музика. Ми се свиѓа тој ритам.

Кога можеме повторно да те очекуваме во Србија, ти не посети 1997 година?

За мене таа посета беше неверојатна. Преубаво искуство кое го чувам посебно во моето срце. Ја запознав вашата култура и традиција. Сонувам дека пак ќе дојдам. Се надевам дека ќе бидам во можност.

По што е позната Касандра?

Таа серија обори многу рекорди во светот. Големата љубов помеѓу двајца млади ги разнежи срцата на многу. Касандра ми ја отвори вратата во целиот свет и ми го промени животот. Поради успехот на таа серија која се случи во Колумбија, јас се преселив овде каде живеам и работа,

Кораима Торес е венецуелска актерка. Родена е на 6 јуни 1973 година во Валенсија.

Касандра и Ранду, ликот од серијата кој беше смртно заљубен во неа. На крајот од емитувањето на сериите, Ранду го даде својот живот во судницата, за да ја спаси Касандра од убиство.

Нејзините први улоги ѝ биле во теленовелите “Гарденија” и “Алондра”. Првата главна улога ја добила во 1992 година во теленовелата “Касандра”, што е прикажувана во повеќе од 100 земји.

После тоа отиде во Колумбија, каде ја добила главната улога во теленовелата “Соништа и огледала”. Нејзин партнер во таа сапуница е колумбискиот актер Николас Монтеро. Се заљубиле и се зеле во 1996 године.
Кораима исто така играла во мини-серијата “Близнаци” и во сапуницата “Cambio de piel”. После оваа сапуница, работела во Перу и Аргентина, каде играла во 3 серии: “Марија Емилија”, “Латинска љубов” и “Соледад”.

Нејзина последна теленовела е “Amor del bueno” и “Лорена”. Моментално живее во Богота, Колумбија. После големиот успех на серијата Касандра, Кораима Торес со партнерот во серијата ја посетија и Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...