На својот Твитер профил претседателот Мадуро напиша дека “длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.

Објавил: admin@magazin | 5 мај, 2019 9:29

ТРАГЕДИЈА: Се сруши воен хелихоптер во Венецуела, загинаа 7 офицери!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерството за одбрана на Венецуела утрово соопшти дека седум членови на екипажот загинаа при пад на воен хеликоптер во близина на Каракас.

При пад на воен хеликоптер во близина на Каракас, загинаа седум офицери, соопшти Министерството за одбрана на Венецуела. 

Како што е наведено во соопштението од министерството,  хеликоптерот летал од Каракас во сојузната држава Кохедес, каде што се наоѓаше претседателот Николас Мадуро.
Хеликоптерот се удрил во планина кај Каракас, а во него имало двајца потполковници и петмина офицери. Властите во Бенецуела ја испитуваат причината за падот на хеликоптерот.

На својот Твитер профил претседателот Мадуро напиша дека “длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.

На улиците во Каракас се случува хаос. Приврзаниците на Гуаидо пред  три дена се собраа на периферијата на престолнината, а како што пишуваа тамошните медиуми, упаднале и во воздухопловната база Ла Карлота. Наводно една група војници преминале на страната на Гуаидо.

Самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо на Твитер профилот соопшти дека „нема назад“ и дека „Мадуро мора да падне“, додека актуелниот претседател истакна дека военото раководство им е верно на властите.
Пред резиденцијата на актуелниот претседател Мадуро беа насобрани негови приврзаници. Во Венецуела привремено беше блокиран интернетот, а и сообраќајот на подземната железница беше во привремени прекини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...