Бактериолошки неисправна е водата од водоводите во 11 села во кичевско и не се знае кога ќе се тргне забраната за пиење и готвење со неа

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 11:49

Забранета за користење водата за пиење во 11 кичевски села

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Водата за пиење во неколку селски водоводи во општина Кичево е бактериолошки неисправна и не може да се користи за пиење ниту за подготовка на храна. Жителите ако сакаат да ја користат водата за пиење или за подготовка на храна мора задолжително да ја превриваат.

“Отсекот по хигиена и здравствена екологија од Кичево не извести дека поради бактериолошко загадување водата од повеќе селски водоводи во нашата општина не може да се користи за пиење ниту за подготовка на храна. На таа листа селски водоводи влегуваат водоводите во селата: Миокази – Челопеци – Орланци – Светорача – Дупјани – Речани -Челопечко – Крушица – Бигор Доленци и крај патната чешма во ова село потоа селските чешми во Видрани и Патеец.”- изјави раководителот на РЦУК Кичево Сузана Тасеска.

Таа информира дека поради бактериолошка неисправност и недоволно резудуален хлор не смее да се користи како вода за пиење и водата од централниот водовод во село Зајас и во ОУ “Реџ Рушит Зајази” од истото село.

“Забраната важи се додека не се добијат исправни мостри а до тогаш водата од овие водоводи и селски чешми задолжително мора да се преврива ако сакаме да се користи за пиење или подготовка на храна.” – изјави Тасеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.