Ноќната и утринската смена на "Комуналната хигиена од Скопје" , транспортирале најразличен отпад, во текот на новогодишната ноќ.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2019 11:51

ЗАГАДЕН СКОПСКИОТ ПЛОШТАД – Туристите оставиле 40 кубни метри ѓубре

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Eкипите на „Комунална хигиена“ од Скопје, за време на ноќната и утринската смена денес, собрале и транспортирале речиси 40 кубни метри најразличен отпад.

Од новогодишната населба „Винтерленд“,од градскиот плоштад, улицата Македонија и Старата чаршија, во време на ноќната и утринската смена се собрале 40 кубни метри отпад, информираше претпријатието.

На први јануари секоја година, по завршувањето на новогодишната прослава, екипите на скопски Комуналец го собираат отпадот, го чистат и го метат градскиот плоштад.

Барање за поттикнување и поддршка на транзитниот туризам од Здружението на угостителството и туризмот е и официјално доставено до Министерството за економија од јуни 2017 година, но сеуште нема повратен одговор дали ќе биде нешто преземено по ова барање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.