За време на овие контроли тие затекнаа граѓани кои непрописно одлагаат кабаст отпад, при што се изречени 47 опомени и 9 казни!

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 12:40

ВИКЕНДОВ СЕ ИЗРЕЧЕНИ 9 КАЗНИ И 47 ОПОМЕНИ ЗА НЕПРОПИСНО ФРЛАЊЕ КАБАСТ ОТПАД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ викендов спроведоа акции на повеќе локации на територијата на општините Чаир и Карпош за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање кабаст отпад.

За време на овие контроли тие затекнаа граѓани кои непрописно одлагаат кабаст отпад, при што се изречени 47 опомени и 9 казни.

Екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ викендов спроведоа акции на повеќе локации на територијата на општините Чаир и Карпош.

Контролите беа спроведени на повеќе локации кои претходно беа посочени како места каде што често непрописно се одлага кабастиот отпад, а за поуспешно реализирање на акцијата, во надзорот беше вклучен и дрон.

Исто така екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве спроведуваат акција за чистење на езерцата во вториот дел на Градскиот парк.

Со акцијата вработени рачно чистат и вадат насобран отпад (кеси, пластични шишиња и др.) и гранки од езерцата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести