Србија е број еден по мафијашки убиства во регионот во 2018 година, а веднаш зад неа е Македонија

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 17:56

Загрижувачка анализа на Н1: Србија е лидер по мафијашки убиства, а Македонија е втора во регионот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Српската телевизија Н1 изнесе застрашувачка статистика која покажува загрижувачки податоци во врска со бројот на убиства во земјите во регионот.

Според анализата на Н1 причината зошто токму Србија е лидер по бројот на вакви убиства е тоа што е најголема држава во регионот, а Белград е најголем град во регионот на територијата на поранешна СФРЈ

Според статистиката на Н1 која ги анализирала податоците во регионот на поранешна Југославија, Србија е број еден по мафијашки убиства во регионот во 2018 година, а веднаш зад неа е Македонија. Новинарката која ја водела оваа анализа, Јелена Зориќ изјавила дека во Македонија се случиле 15 мафијашки убиства минатата година, но овие податоци се базираат на информации од медиумите, бидејќи македонската полиција не им дала официјални податоци.

-Во 2018 во Србија се случиле 29 убиства кои се доведуваат со врска со мафијашки пресметки, од кои 21 се случиле во Белград. Потоа е Македонија со 15, но според медиумските спекулации, бидејќи официјални податоци од македонската полиција не добивме, вели Зориќ.

Веднаш по Македонија, на листата се наоѓаат и Црна Гора со седум, Република Српска заедно со Бих со три, Хрватска со две и Словенија со ниту едно. Јелена вели дека во Словенија од 2003 година немале убиство со епитет мафијашко.

Јелена вели дека податоците за бројот на убиства во Косово ги добиле веднаш од тамошната полиција, но само како вкупна бројка од 32 убиства, без да се потенцира некое од нив како мафијашко. Според тамошните новинари, причина зошто нема таква статистика е и тоа што таму на сила и натаму е „крвната одмазда“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.