Зоран Заев ги повика институциите веднаш да започнат проверка на имотот на судиите и обвинителите, а Европската комисија да активира инструменти за мониторинг на судските случаи од висок профил.

Објавил: Македонка Димкин | 17 декември, 2019 9:59

Заев, се моли бога да нема ветинг, а повикува на ветинг?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека препораката за ветинг во судството е последна опција и оти моментно нема потреба за такво нешто, додека Зоран Заев ги повика институциите веднаш да започнат проверка на имотот на судиите и обвинителите, а Европската комисија да активира инструменти за мониторинг на судските случаи од висок профил.

Ветинг и Заев? : Затаи системот или скриен договор му ја исчисти трасата преку граница на бившиот специјалец, Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година. Дека системот на функционира од суд до затвор не е новина колку и денеска премиерот Зоран Заев лежерно да звучеше во изјавата, префрлајќи ја топката во МВР како од затвор да избегал ситен крадец, а не осуден убиец, врз чиј грб СДСМ со години водеше кампања против ВМРО ДПМНЕ и раководството на МВР во нивно време, објави Алфа.
За разлика од резервираноста на премиерот, која алудираше на тоа дека за бегството на убиецот нема виновник, вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски директно посочи на нефункционалност на институциите.
Судот во Штип, последен пат се видел со осуденикот Игор Спасов во септември, еден месец откако повторно му дозволил одлагање на затворската казна. Поседен пат Спасов поради операција на урологија побарал одложување во јули. Во затвор требало да се појави на 18 октомври, но ниту една институција не знае кога избегал од државата, зошто немало побарано никакви мерки за негово лоцирање додека затворот му е во прекин. Сега по него има распишано национална потерница, тој треба да одлежи уште 7 години и 3 месеци од казната. /Фото принтскрин гоогле

 Процесот што го спроведуваме се вика прочистување во делот на правосудството, кај судиите и јавните обвинители. Не треба да го употребуваме поимот ветинг бидејќи симболизира една поразлична постапка што се спроведе во соседството, во Албанија, каде што претходно беше на меѓународни комисии. Ние сме во понапредни фази со реформските закони и дадовме сериозни алатки со кои самите институции можат да го направат прочистувањето – изјави Заев.

Ветингот во судството е последна опција за евроамбасадорот Самуел Жбогар

Жбогар: Ветингот е последната опција. Предуслов за ветинг претставува консензусот од сите политички страни, но тоа е последното решение. Моментно не гледаме потреба за такво нешто.

Тоа е нашиот став, но на државата останува да се донесе одлуката – истакна Жбогар по вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.