Заев изјави дека навистина верувал дека претседателот на Украина Порошенко му го бара бројот од американскиот помошник државен секретар Вес Мичел Мичел и затоа му го издиктирал.

Објавил: Весна Петровска | 9 јули, 2019 21:23

Заев во одбрана на Рашковски: Не ја гледам тука вината!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зоран Заев на денешната прес конференција прозборе за скандалот со телефонскиот разговор и во кој го обвинуваат за одавање на државна тајна.

Заев изјави дека навистина верувал дека претседателот на Украина Порошенко му го бара бројот од американскиот помошник државен секретар Вес Мичел Мичел и затоа му го издиктирал.

Заев во одбрана на Генералниот секретар Драги Рашковски

– Нормално се бара од мене да дадам телефонски број на некој што е задолжен за Југоисточна Европа на некој што јас искрено верувам дека е претседателот на Украина и го давам телефонот.Не верувам дека одавам државна тајна – објасни Заев.

По ова исто така премиерот се огласи и за скандалот со М-НАВ каде во главна улога е генералниот секретар Драги Рашковски.

Тој истака дека не ја гледа вината кај Рашковски и дека нема потреба да даде оставка од позицијата.

– Се соочуваме со проблем на завршен тендер од септември 2016 година кој го отвораме после повеќе од шест месеци бидејќи нема реализација, објасни денеска премиерот Зоран Заев

Исто така тој изјави дека во разговорот нема нема мито и корупција и дека не гледа тука вина.

– Да обвинувате некој дека разговара за мито и за корупција апсолутно не е така бидејќи не постоело. Се бара записник да се води за самиот состанок, осум души се на состанокот.Не ја гледам вината. Санкцијата на политичка одговорност е едноставна санкција и никој не е венчан за својата функција, објасни премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.