Заев и Адеми треба да одговорат кои беа луѓето на средбата кои организации ги претставуваа како и со кои пари пристигнаа во Македонија и дали воопшто разбираат македонски јазик

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 7:19

Заев ги повика “другарчињата” на Адеми како “дијаспора” да гласаaт на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија – Швајцарија – Луксембург – Германија – Словенија – Хрватска и САД.

На средбата е изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и во Европската унија.

Владата соопшти дека на состанокот се разговарало за повеќе актуелни прашања меѓу кои и за важноста на претстојниот референдум и за потребата од проактивна улога на сите граѓани вклучително и на дијаспората со цел успешен референдум што ги отвора перспективите на Македонија и можностите за квалитетен живот на сите граѓани.

Претседателот на Владата Заев рече дека НАТО и ЕУ за Република Македонија значат економија стабилност и безбедност и изрази очекување за успешен референдум.

“Мнозинството граѓани на Македонија веќе се изјаснија за промени за перспективи наместо изолација за благосостојба наместо сиромаштија за реформи и демократија што водат кон квалитетен живот и безбедна иднина на државата и на сегашните и идните генерации. И убеден сум дека на референдумот ќе биде потврдена одлуката за евро атлантска иднина на Македонија што ќе донесе и европски живот во Македонија и стабилност и безбедност. Ве повикувам како што си ја сакате државата да излезете на претстојниот референдум и со тоа и вие како дијаспора да дадете значаен придонес во овој историски момент за напредок на Македонија.” – рече премиерот Заев.

Заев и претставниците на дијаспората зборуваа за придобивките од реформските процеси во државата од воспоставувањето добри односи со соседите и од евро атлантските интеграции.

“Вистински патриот е оној кој ќе ја обезбеди иднината на државата. Тоа е придобивка за нашите деца за сегашните генерации и остварување на вековниот стремеж на нашите претци за потврда на идентитетот на граѓаните Македонци на македонскиот јазик и поставување на Македонија како држава еднаш засекогаш во светското семејство на држави.” – рече Заев.

Заев им се заблагодари на претставниците на дијаспората за желбата да го помогнат остварувањето на стратешките цели на државава, членство во НАТО и ЕУ а со тоа и за економски просперитет на Македонија.

Средба на Заев и министерот за дијаспора Адеми со случајно избрани минувачи од земјите за кои тврдат дека доаѓаат или класичен пи-ар за фалш промоција.

И ова е владиниот партиски и политичли пи-ар на средбата Заев со другарите на министерот за дијаспора Адеми кои ниту беа претставени по име и презиме ниту дадоа одговор кој од која организација или македонска заедница во странска држава доаѓа.

Сосема е јасно зошто Заев случајни индивидуи ги промовира како претставници на дијаспората во 7 и не така мали држави низ светот.

Му требаат тие пи-ар фори за да и каже на македонската јавност дека и “нашинците” во странство се за ЕУ и НАТО т.е. за промена на името и негирање на идентитетот на Македонската нација.

Иако прашање за сите пари е кој го платил патувањето на т.н. претставници на дијаспората на оваа средба и колку од нив воопшто разбираат Македонски јазик?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.