Заев испрати порака до сите присутни да го поддржат Стево Пендаровски

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 10:22

Заев: Ги решивме големите прашања, затоа има инвестиции и одиме напред

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ги решивме големите прашања, затоа има инвестиции, затоа работите и во економијата тргнаа на добро, посочи претседателот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, на вечерашната трибина со граѓаните на Велес, во рамки на изборната кампања на претседателскит кандидат Стево Пендаровски.

Премиерот пред присутните изјави дека Економскиот развој ќе се забрза со интеграциските процеси.

Заев испрати порака до сите присутни да го поддржат Стево изјавувајќи дека овој тренд мора да продолжи  бидејќи се работи за подобра иднина на сите , стои во соопштението на СДСМ.

-Има 624 милиони евра странски инвестиции од 1991. година е тоа нов рекорд, индустриското производство порасна за околу 8 проценти, БДП-то порасна од минус 1.8 на 3.7 проценти, порасна просечната плата од околу 22.000 на околу 25.000. А сеуште не сме целосно членка на НАТО и треба да отпочнеме преговори со ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Зоран Заев  повика на посветеност и одговорност, граѓаните кои се обединија околу претседателскиот кандидат Пендаровски, од сите етнички заедници и од партии од левицата, десницата, центарот, да излезат масовно на гласање на изборите за претседател за државата.

-Само заедно и напред може да се движи државата, а напред одиме со Стево Пендаровски, кој ги поддржува обединувачките и интеграциски политики, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Велес.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски објасни дека поддршката за ваквите политики е и за младите луѓе да останат во државата.

-Изминативе две години се донесени крупни и тешки одлуки со коишто се отворени интеграциските процеси кон модерниот демократски свет со шанси за младите луѓе тука да ја гледаат својата иднина, да живеат, да работат, да основаат семејство. Да направиме амбиент тука да се вработите и да просперирате, порача кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во Велес.

Тој додаде дека искуството покажува дека земјите кои станале членки на ЕУ имаат далеку помала стапка на иселување од останатите.

-Европските интеграции и отпочнатиот процес за членство во НАТО водат кон поголем економски развој, порача претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, меѓу другото, во Велес, во рамки на изборната кампања за избор на претседател на државата, повикувајки ги граѓаните да ја поддржат опцијата Заедно Напред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.