Во општество на морални вредности не е коректно врз непознавањето на актуелната политика да се игра со стари лица кои биле носители на историски настани за Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 9:47

Заев ќе ги “укине” НОБ и АСНОМ – Борците ќеифој?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Значајна е поддршката на борците од НОВ за вредностите на референдумот било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со делегација на Главниот одбор на Сојзуот на борците на Македонија (СБМ) соопшти владината служба за информирање.

Очигледно Заев заборави да им каже дека ако помине Референдумот во новата Преамбула на Уставот ќе го нема ни АСНОМ ни НОБ?

Претседателот на ГО Никола Стојановски –  потпретседателот Борко Зафировски како и претседателот на ГО на Сојузот на Борците на Скопје Трајко Стаматовски изразиле благодарност за решението со кое на ГО на СБМ им е обезбеден простор во Домот на АРМ за извршување на админстративните и програмските активности на организацијата.

Со ова веќе е извесно дека Сојузот на Борците на Македонија повеќе ги интересира просторното сместување на организацијата која во 2019-та по Договорот нема да смее да постои?

Заев на средбата истакнал дека ќе се разгледаат и најдат можности за решавање на блокираната сметка на Сојузот на борците на Македонија за да може Сојузот да го реактивира редовното работење како и програмските активности по повод 70 години од основањето на организацијата на борците и 75 годишнината од одржувањето на АСНОМ кое ќе се одблежи со низа активности во текот на идната година.

Би било коректно од Заев постарите лица да ги третира со третман достоен за нивните години затоа што по успешен Референдум нема да има Сојуз на борци на Македонија туку Сојуз на борци на Северна Македонија па согласно тоа тие нема да имаат никаква поврзаност со историските настани кои по Договорот никогаш и не се случиле како што е Народно Ослободителната Борба а особено ќе се негира постоењето на АСНОМ?

“Делегацијата на Сојузот на Борците на средбата го поздрави договорот со Република Грција а претседателот на Градскиот одбор на СБМ Стаматовски го покани премиерот Заев да учествува на дебата на која ќе бидат презентирани придобивките од договорот пред членовите на СБМ од повеќе општински организации кои ќе бидат поканети на овој настан.” – се вели во соопштението од владината прес служба.

Штета што почина последниот АСНОМ-ец Перо Ивановски – Тиквар (28 април 1920 – 28 јуни 2018) кој беше македонски комунист учесник во НОВ и на Првото заседание на АСНОМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.