Заев што бидна со покровителството на 5-тата Конференција на децата бегалци од Егејска Македонија и дали со Адеми ги убедивте дека најдобро е да не постојат

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 8:46

Заев и Адеми остана уште да ги убедат Егејците дека не постојат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 6-ти сепмтеври 2017 година премиерот и претседател на СДСМ Заев ја прифатил поканата на неколку здруженија на деца бегалци Македонци и Македонци потомци од Егејска Македонија да биде покровител на 5-тата Конференција на децата бегалци од Егејска Македонија што требаше да се одржи од 19-ти до 21-ви јули 2018 година во Скопје.

На средбата присуствуваше и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми а на во Владата беа гости делегации на претставници од Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија и претставници од Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија како и од Здружението на Македонци потомци од Егејска Македонија и претставници од Здружението “Незаборав” од Струмица.

Сојузот на здруженија на децата бегалци од Егејска Македонија пред една година го обвинија претходното владеење за режимско и побараа Заев да им обезбеди простории за работа.

Ни Конференцијата се одржа а ни именуваните здруженије збор не проговорија за Договорот со Грција со кој освен што ми се менува Уставното име и ни се негира постоењето на Македонската нација има посебна точка кога го негира постоењето на децата бегалци од Егејска Македонија со што тие “правно” се укинуваат.

Пред една година премиерот Заев истакна дека прифаќањето на оваа покана за него значи афирмација на соработката на Владата на Република Македонија со Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија.

Тогаш трагикомично претставниците на здруженијата го поздравиле склучениот договор со Република Бугарија како позитивен чекор во градењето пријателски односи со соседите иако со истиот се негира постоењето на било какво Македонско етничко малцинство кај источниот сосед додека се потврдува постоење на бугарско во Македонија при што искажаа поддршка во напорите да се подобрат односите со сите соседи и со Република Грција.

Заев за својот придонес со Договорот со Бугарија беше поздравен по што беше поканет да е покровител на овогодинешната Конвенција на децата бегалци од Македонија која не се одржа.

Заев по една година и тоа како ги “подобри” односите со Грција со Договорот од Преспа.

Тогаш сојузот побарал помош од премиерот за решавање на нивниот проблем со простории за работа откако претходно биле насилно исфрлени од просториите во кои престојувале и делувале. Премиерот Заев им порача дека проблемот ќе биде решен затоа што како што потенцираше определба на Владата е да им помага на сите свои граѓани.

Имено на организациите кои во дел се од регионот на Струмица им недостигаа простории за кои дали ги добиле нема информација но и да ги имаат ќе мора да ги отстапат назад ако помине Референдумот затоа што правно тие ќе престанат да постојат како организации.

Ниту едно од т.н. организаци за заштита на правата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија денес нема коментар на штетните аспекти од Договорот со Грција и претстојниот референдум со кој се негираат во своето постоење и суштина.

Тогаш во пресрет на големиот национален празник Денот на независноста на Република Макеоднија претставниците на здружението “Незаборав” од Струмица потсетиле на нивниот придонес во референдумот за осамостојување на Република Македонија во 1991-ва година.

Можеби “Незаборав” и ќе го соопшти својот став за Договорот за промена на името со Грција?

Пред една година претставниците на Сојузот на здруженијата исто така ја поздравиле подготвеноста за соработка кај министерот Едмонд Адеми за кој истакнале дека им излегол во пресрет и несебично ги поддржал нивните идеи и заложби за возобновување на нивната активност.

Адеми колку чини пи-ар активноста да ги убедиш децата бегалци од Егејска Македонија дека најдобро за нив е да не постојат?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.