За гостинот - домаќинот приготви и пригодна "историска" манифестација

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 15:11

Заев и Борисов во Благоевград ќе го чествуваат Илинденско – Преображенското востание

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По прв пат во 74 години од Првото заседание на АСНОМ и 115 години од Илинденското востание – македонски премиер ќе го чествува Илинден во погрешна држава.

Како е најавено настанот ќе започне во 16:30 часот во Благоевград каде 20 членови на регионалното друштво “Традиција” во “четнички” униформи ќе го отпочнат чествувањето на 115 годишнината од Илинденско – Преображенското востание.

Поради реновирање на централниот плоштад на Благоевград – свеченоста ќе се одржи пред споменикот на Гоце Делчев каде свежо цвеќе и пригоден говор ќе имаат премиерот на Македонија Зоран Заев и премиерот на Бугарија Бојко Борисов во 17 часот.

За поголема безбедност изречена е забрана за паркирање на автомобили низ центарот на градот. Прославата како што истакнува организаторот се совпаѓа со потпишувањето на Договорот за пријателство – соработка и добрососедство меѓу Република Бугарија и Република Македонија – постигнат пред една година во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.