Премиерот на Грција, Ципрас, посочил дека тој лично ќе раководи со грчкото МНР, додека Заев реферирал до каде се уставните измени и кој е ставот на пратениците од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 11:13

Заев и Ципрас телефонски се информирале за Коѕијас, но и за уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Телефонски разговор по оставката на Никос Коѕијас имале премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Според портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа.

Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека премиерот на соседната земја нема да ги коментира внатрешните ситуации и внатрешната сцена во Грција, наспроти тоа, се согласија и го повторија она што им е на сите познато дека и двајцата работат за Балкан на 21. век и двајцата работат за имплементација и стапување во сила на Договорот од Преспа. – рече Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Според грчкиот весник „Авги“, кој важи за гласник на СИРИЗА, двајцата премиери разговарале за нов Балкан на кој преовладува мир, соработка и солидарност.

Информативниот портал „Ин“, пишува дека Ципрас го информирал Заев за она што се случило околу оставката на Коѕијас и за тоа дека тој лично го презема Министерството за надворешни работи.

Од своја страна Македонскиот премиер на неговиот грчки колега му ја пренел ситуацијата во Македонија за гласањето во собранието и позицијата на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.