Заев ќе го плати бројчаникот од свои пари, но нема да ги одбројува стотиците милионски задолжувања на неговата Влада, со кои Македонија е пред банкрот

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 14:22

Заев по петти пат го најави бројчаникот на “Порта Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, кој треба да покажува колку од украдените пари ќе се вратат во буџетот.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, како што истакна премиерот, е ветување што го дал додека беше во опозиција, барајќи ја поддршката од граѓаните.

– Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџетот на Владата нема пари за тоа и бројчаникот приватно ќе го платам од мои пари. Тоа значи дека по завршувањето на функцијата ќе биде дониран на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на Триумфалната порта каде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно бројчаникот ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично. Тоа е намерата во делот на постапката за реализација на ова мое ветување, рече премиерот Заев.

Заев заборави да каже дали на бројчаникот на Порта Македонија ќе се впишат и над 700 милиони евра нови задолжувања само во првите осум месеци од годината кои ги направи неговата Влада со што Македонската економија е доведена пред банкрот? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.