Од кај ли знае заев дека референдумот ќе биде успешен?! Да не ги фалсификува.....

Објавил: admin@magazin | 25 јуни, 2018 23:37

Заев: Правни служби работат на решение доколку Иванов не потпише

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Правните служби работат на решение доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за ратификација на договорот за името, информираше вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ.

– Жалам што претседателот Иванов го пропушти моментот со тоа што вака ги позиционираше своите ставови. Јас знам дека после успешниот референдум должност е сите да се поклониме и да го поддржиме, кој со глас во Парламентот, кој со потпис. Се уште немам информација дали претседателот Иванов ќе го потпише законот за ратификација на договорот, но тој објави дека нема да го потпише и веројатно нема да потпише. Потоа Парламентот ќе треба повторно да го изгласа и после тоа е должен да го потпише. Јас очекувам таа должност, тој да ја исполни, истакна Заев и додаде дека правните служби работат на изнаоѓање на решение, доколку Иванов не потпише промена на името.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.