Премиерот додаде дека текстот на законот предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да работат во ова обвинителство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 јули, 2019 15:15

ЗАЕВ ПРЕСЕЧЕ: „За шефица на СЈО ја предлагам обвинителката Вилма Рускоска„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На денешната прес конференција, премиерот Зоран Заев, соопшти дека пред Собранието ќе предложи нов Закон за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира трансформацијата на Специјалното јавно обвинителство.

Премиерот Зоран Заев како што претходно беше речено од владиното соопштение, во своето обраќање денеска ги наведуваше причините за одлагање на лидерската средба, како и следните чекори што ќе бидат преземени во следниот период.

Не успевајќи да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за нов Закон, Заев ќе се обиде во парламентот да добие доверба од пратениците за новиот предлог, изјави на прес конференцијата.

Премиерот изјави  дека новото име на СЈО ќе биде Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а за шефица ја предлага обвинителката Вилма Рускоска, која во моментов шефува во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

-Суштинските делови на овој предлог закон кој денеска ќе биде доставен до политичките партии и до медиумите, предвидуваат СЈО како структура да се интегрира во досегашното ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и да добие нов назив односно Јавно обвинителство за гонење организира криминал и висок корупција. Ова обвинителство ќе има надлежност на цела територија на Република Македонија – рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.