Имено водителката на емисијата на неговата изјава кога вели дека Косово е срцето на Србија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 11:38

Заев во интервју за тв Пинк: Следете го примерот на Македонија- решете го проблемот со Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за емисијата „Правец“, на српската телевизија „Пинк“ премиерот Зоран заев зборуваше на повеќе актуелни теми. Тој зборуваше и за состојбите во регионот, за Албанците во Македонија, за законто за јазиците, Преспанскиот договор, ненамерната грешка со македонската химна, закажаните избори итн.

Премиерот Зоран Заев во интерву за ТВ Пинк, истакна дека Косово и Србија мора да го решат долгогодишниот проблем, како што Македониај го направи тоа со соседна Грција

Имено водителката на емисијата на неговата изјава кога вели дека Косово е срцето на Србија.

Во вашето прво интервју за српски „Курир“ рековте дека „Косово е срцето на Србија“. Дали Косово е срцето на Србија?, го праша водителката.

Премиерот Заев на ова одговори дека голем дел од историјата на Србија е поврзана со Косово.

Мене тоа ми е јасно. Но, истовремено, сигурно и вас, на раководството на Србија, на граѓаните на Србија им е јасно дека овој проблем што постои треба да се реши. Зошто? За Србија да оди напред. За да оди и Косово напред. За да одат сите земји во регионот напред, проблемите мора да се решаваат. Не ми беше ни мене лесно, иако тоа е сосема различно прашање, косовскиот проблем, од оној проблем којшто постоеше овде. Но, постоеше 27 години. На крај ние прифативме дека навистина сме северниот дел од историскиот дел на Македонија. Верувам дека низ дијалог ќе се најде решение, на крај нели е целта сите да бидеме дел од Европското семејство, вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести