Сепак, Заев верува дека тоа не е став на премиерот Борисов, ниту став на бугарскиот народ, без да открие што предложила Бугарија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 октомври, 2020 18:12

ЗАЕВ РАЗОЧАРАН: Захариева може да ги блокира преговорите за ЕУ- бугарските предлози не се ни добрососедство ниту братско

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Предлозите од бугарска страна по средбите во петокот во Софија на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, според премиерот Зоран Заев, „ниту се добрососедство, ниту братско, најмалку европско“.

Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме македонскиот народ дека нема да почнат преговорите со ЕУ, вели премирот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи со бугарскиот премиер, Борисов и министерката за надворешни Захариева во петокот во Софија.

,Ние ќе направиме се во овие претстојни денови да најдеме решение. Ние ја прифативме заедничката историја или општата историја како што ја викаат во пријателска Бугарија.

,,Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифат кои сме и каков јазик зборуваме- ние зборуваме македонски јазик.

Бугарскиот премиер го зацрта 10-ти ноември, датумот кога ќе се одржи Берлинскит процес, а со кој претседаваат и Македонија и Бугарија, како датум до кога треба да се најде компромисно решение. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.