Заев бара поддршка за Референдум а во Грција Договорот сеуште е само тема за дебата

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 11:18

Заев ратификува – Ципрас си организира панел дискусии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека Заев го одобри и со кршење на Деловникот за работа на Собранието на Македонија го ратификува Договорот со Грција кој наиде на вето па т.н. џебно вето од претседателот на Република Македонија по што побара поддршка и за Референдум – во Грција истиот е само уште една дневно политичка тема за панел дискусии.

Со Договорот Грција само добива но ништо не губи – па отворено се поставува прашањето зошто процесите за ратификација во законодавните домови но и најавените референдуми не одат како паралелни правни процеси во двете држави бидејќи додека Заев брза по било која цена да го озакони и имплементира Договорот со Грција кај нашиот јужен сосед текстот е тема за панел дискусии на грчкото МНР.

Дискусијата која се организира денес има 4 сесии во кои одвоено ќе се дискутира и дебатира содржината на текстот од Договорот со “државата која нема име” за историската и правната позадина – имплементацијата – името – употребата – јазикот и државјанството а на истите ќе дискутираат професори по право – меѓународни односи и историја од Универзитетите во Атина и Солун како дел од конференција организирана од научниот совет на Министерството за надворешни работи на Грција.

Тема на првата сесија е историската и правната позадина на Договорот – втората сесија ќе е посветена на аспектите на Договорот во оснос на името и употребата – третата сесија е за прашања поврзани со имплементацијата а четвртата сесија ќе е посветена на Договорот за решавање на спорот но и државјанството и името. За крај како што е најавено од грчкото МНР дискусијата ќе трае 7 часа а ќе заврши вечер со завршното обраќање на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас кој е предвидено да има говор на тема “Оценка на Договорот од Преспа и стратешка имплементација”.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика