Претседателот на Владата и претседател на СДСМ со изјава

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 14:47

Заев со став – на Референдум се може и без ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев денес на новинарско прашање кога ќе продолжат преговорите за формата на Референдумот и содржината на референдумското прашање одговори дека отворени се можностите од продолжение на лидерската средба но и дека активно се разговара и на ниво на парламентарни групи потенцирајќи:

“Роковите летаат. Референдумот да се одржи на 30-ти септември мора да се распише до 30-ти јули. И тоа ќе мора да се случи со или без ВМРО – ДПМНЕ. Иако ние ќе побараме пред јавноста да се објаснат – што одлучиле – дали ќе бојкотираат или премолчено ќе бојкотираат.”

Според Заев без разлика од каков формат ќе биде Референдумот – обврзувачки или консултативен – одлуките од него ќе бидат прифатени и целосно имплементирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.