Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите.

Објавил: Перо Милчин | 11 август, 2019 9:32

ЗАЕВ СО ЧЕСТИТКА ЗА КУРБАН БАЈРАМ: “Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам и порача дека курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. 

Премиерот Заев по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до сите македонски граѓани од исламска вероисповед, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот со која им посакува среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје.

– Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста.

Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите.

Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина.

Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник, истакнува во честитката премиерот Заев, со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести