Албанските политичари јасни во своите барања, Заев стана премиер со наши гласови, сега е ред да го исполни своето ветување, рамноправноста на Албанскиот јазик и Албанскиот народ

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 7:00

Заев тврди дека не ветил ништо за албанскиот јазик во Уставот, албанците гневни

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Парламентарната Комисија за уставни прашања го усвои текстот на нацрт амандманот кој предвидува промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Со мнозинство гласови, нацртот беше испратен во понатамошна парламентарна постапка.

Расправата за предлог амандманот за промена на Преамбулата беше концентрирана во насока на нејзина модернизација.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара мултиетничкиот карактер на земјата да се одрази и во Преамбулата. Села исто така побара да се отстрани фразата „20 проценти“ за населението, споредувајќи го актуелниот устав со уставите на поранешното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.

Реченицата да започне со: Граѓаните на Македонија, македонскиот народ и да се избриши делот “како и други граѓани кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ…”, значи после македонскиот народ да продолжи албанскиот народ, влашкиот народ, ромскиот, српскиот, бошњачкиот и така натаму.

Ова би ја направила поправедна идната Македонија, ова би ги застапило сите граѓани подеднакво. – изјави, Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците

Премиерот Заев истакна дека сите препораки ќе се разгледаат, но тоа не значи и дека ќе бидат прифатени. Воедно посочи дека никогаш и никаде не дал гаранции за Албанскиот јазик и неговата поврзаност со Уставот.

На ова се изјасни и претседателот на БЕСА.

Заев стана премиер со гласови од албанскиот електорат. Над 50.000 Албанци го направија премиер. Јасно беше дека прифаќањето но и имплементирањето на Тиранската платформа беше причина за ваквата поддршка. Сега е редот тој да го исполни својот дел од ветувањето. – истакна Касами.

Од ВМРО – ДПМНЕ побараа во Преамбулата да се опфатат три важни историски документи, вклучувајќи го и воениот устав од 1878 година.

Заев вети дека за овој предлог ќе се консултира со експертите.

Нацрт амандманот за Преамбулата предвидува да се цитира Прогласот на АСНОМ, наместо одлуките и да се додаде Охридскиот договор од 2001, кој е веќе инкорпориран во Уставот и тоа со пет амандмани, па сега само се додава и називот „Охридски договор“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.