Премиерот Заев потенцираше дека станува збор за многу важна суштинска статистичка операција за напредокот на земјата и дека затоа е бесмислена кампањата за бојкот на пописот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јануари, 2021 11:23

Заев: Учеството во пописот е сериозна статистичка операција и државничка одговорност на граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пописот е толку сериозна статистичка операција која што ја идентификувам со државничката одговорност на граѓаните“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, и додаде дека, таквиот став е еден од можните одговори на историското прашање на американскиот претседател Кенеди што може граѓанинот да направи за државата.

„Најмалку што може е да се попишеме за да може државата, во име на граѓаните да управува со ресурсите правично, еднакво, рамномерно и да креира успешни и стратегиски политики за развој.

Решливи се сите прашања кои деновиве ги вадат како проблем поврзани со постапката за пописот, а се поврзуваат ризиците заради пандемијата, пред се заради тоа што голем еден дел од постапката е без физички контакт заради дигитализираниот процес и да застанеме зад пописот затоа што 19 години ја немаме направено таа статистичка операција и тоа не прави една од ретките земји без попис толку долго време“, нагласи премиерот Заев во интервјуто.

Премиерот Заев потенцираше дека станува збор за многу важна суштинска статистичка операција за напредокот на земјата и дека затоа е бесмислена кампањата за бојкот на пописот.

„Освен што за одбивање за учество во оваа статистичка операција се предвидени и казни, бесмислено е да не учествувате во пописот бидејќи ова не се избори, пописот не менува власт, не предизвикува ретроактивни процеси и навистина не гледам зошто да се прави драма од пописот. Не треба да си власт за да знаеш колку е важен пописот. На опозицијата тоа треба да и биде јасно дури и за креирање на нивните партиски политики. Битен е пописот за креирање на економските политики, за здравствените и образовните политики, за најважните политики за рамномерен регионален развој“, рече Заев во интервјуто за емисијата „Трилинг“.

Во самиот попис се вградени сите препораки на Евростат за слободно изјаснување на граѓаните за нивните национални и други определби, истакна премиерот Заев и додаде дека со пописот ќе се попишат и нерезидентните, односно граѓаните кои се една или повеќе години надвор од државата, по што овие податоци се вкрстуваат со податоците од граничното управување од базите на податоци на Министерството за внатрешни работи и со еден клик ги имате во секој момент сите наши граѓани кои се повеќе од една година надвор од државата за проверка на податоците.

Да покажеме одговорно однесување и да го прифатиме пописот како државничка одговорност за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...