По изјавата на Пендаровски дека Заев знаел за Тиранската платформа и ја прифатил само за да состави Влада, очекувано е сега да ја надгради за нова поддршка од ДУИ по избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 7:30

Заев ќе ја надгради Тиранската платформа за нова поддршка од ДУИ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како е повеќе од извесно дека со т.н. процес на уставни измени во Собранието нема да биде ништо и ќе се оди на нови превремени избори, повеќе од јасно е дека Заев ќе мора нешто да понуди повеќе за да ја добие повторно поддршката од ДУИ.

Соодветно на тоа се постатува прашањето дали по изјавата на националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, дека Тиранската платформа не била наважното нешто во моментите кога се рушел режимот- туку истиот да се урне, иако од неа произлезе законот за двојазичност, сега можеме да очекуваме дека премиерот е подготвен да ги исполни сите барања на албанскиот политички блок?

Ќе следи ли надградба на Тиранската платформа за по евентуални избори да си обезбеди двотретинско мнозинство?

БЕСА на Касами веќе јасно даде до знаење дека бараат да бидат впишани Албанците како државотворен народ, кога ќе се отвора Уставот.

Што мислите дали после Шарена револуција, отпор против режимот, цел народ се уклучи на улица и маршираше 3 години, дали беше најбитно во политичката агенда да биде Тиранската Платформа? Не, меѓутоа во тој момент тие 10 луѓе од ДУИ правеа влада и немаше да има влада, или тој закон ќе го имавме таков каков што е несовршен и тој е несовршен, за јазиците, или сега ден денеска ќе ги имавте на власт Груевски и Мијалков. – изјави Пендаровски.

Информациите за евентуална предизборна коалиција со албанските партии има прилично лизгав терен. Прво заради тоа што БЕСА на Гаши и Алијанса на Албанците не размислуваат и не сакаат избори односно вакви здружувања. Села и отворено рече дека за него владеење рамо до рамо со Ахмети не доаѓа во предвид.

Во моментот не се размислува за предвремени изборни коалиции, концентрацијата на владата е да се обезбеди потребното мнозинство во Собранието. За хипотетички прашања не размислуваме. А ако дојде до таа ситуација органите на партијата ќе одлучуваат. – вели портпаролот на БЕСА на Гаши, Орхан Муртезани.

Истото го потврдуваат и од АзА.

Не се разговара за ваква опција. За нас приоритет беше нашите гласачи да излезат на референдумот и да дадат поддршка за евроинтеграциите. Ставовите на Алијанса се различни од оние на власта во повеќе прашања, па невозможна е коалиција партиите кои се дел од власта. – нагласува Флакрон Беџети, портпаролот на Алијанса за Албанците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.