Нациналното помирување стана циркуз, партизираните судски органи и обвинителствата сега ќе мораат да почитуваат делење селективна правда врз политички одлуки

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 8:31

Законот за амнестија на Канческа Милевска наречен “желботека”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Реториката на т.н. владеачко мнозинство кон “режимските” претставници како Канческа Милевска но и “обвинетите за терористичко здружување за уривање на уставниот поредок” се промени со потребата за финално гласање на уставните измени.

Канческа Милевска стана главниот миротворец, Јанкулоска и Пешевски станаа провладини аналитичари додека Мукоски, Василевски и Арнаудов национални херои со поддршката за Северна Македонија.

Политичките аналитичари јасно говорат дека се работи за класично ефтино пазарење за спас од затворските казни, како и откуп на претеничките гласови.

Премиерот Заев откако потврди дека под национално помирување подразбира и селективна амнестија, веќе не се произнесе за кои дела таа ќе важи. Битно не прекина со повторувањето на поддршката кон Канческа Милевска која е промовирана во новиот миротворец на македонската политичка сцена.

Имено од предметите на СЈО разрешница има само најбизарниот, оној за набавка на луксузен мерцедес кој бил и останал во државна сопственост. За случајот Тенк и казните затвор кои произлегоа од него гласно се говори дека ќе е и единствениот со завршен епилог.

Доволно гласна беше пораката дека ако за набавка на возило за државни потреби може да се оди затвор и до шест години, тогаш по основ на останатите обвинаније, збирно, секој обвинет би добил од 15 до 35 години затвор.

Особено тројката обвинети “терористи” за кои минималната казна согласно членот од Кривичниот законик за кој и се обвинети изменува почетни 15 години затвор.

Утре комисијата за национално помирување до додатокот и селективна амнестија ќе го достави својот нацрт закон, со кој селективно, комисија ќе треба да оцени кој се бил а кој не директно инволвиран во немилите настани во Собранието минатата година.

Процесот е трагикомичен дотолку што вината или не може да ја одреди судот преку доказна постапка а не собраниска комисија која во пратеничките редови веќе доби и име, желботеката на Канческа Милевска.

Според информации од Собранието, амнестијата по желба ќе има широк опсег, па ќе опфати во духот на националното помирување период од 10 години, со што ќе се амнестираат и терористите од Диво Насеље но и убијците од Смилковско езеро.

Правниците сметаат дека е преседан обвинети за тероризам за уставниот поредок да гласаат промени на уставот во корист на опонентот, дотолку и самите да си го пишуваат законот за сопствена амнестија за кој подоцна и ќе треба да гласаат во законодавниот дом.

Уметниците, граѓанските активисти, народот и останатите обвинети за немилите настани во Собранието ќе бидат опфатени исто така селективно, согласно проценките чие име е звучно за да покрие нечие друго.

Канческа Милевска и седумте пратеници, поранешни членови на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со ова ќе си го обезбедат алибито за повторна поддршка за уставните измени во финална фаза, иако во пакетото од “желботеката” сега е и името на Мијалков, кој по притворот за кој Министерот Спасовски сеуште нема детали, денес прв пат по една недела одмор ќе се појави на судење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.