Заврши откупот на тутунот. Според законскиот рок денеска се затворија сите откупни пуктови во Македонија.

Објавил: Владо Марин | 29 февруари, 2020 21:28

ОФИЦИЈАЛНО: Заврши откупот на тутун

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска заврши откупот на тутунот во Македонија. Откупени се 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм тутун!

Министерот за земјоделство Трајан Димковски со директорот на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ беше во посета на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Пирлеп.

Според законскиот рок денеска се затворија сите откупни пуктови во Македонија.

Просечната откупна цена е 220 денари за килограм и е најголема досега.

Откупувачите на тутунарите им исплатија 94 милиони евра. Просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм и државата на тутунарите ќе им исплати субвенции од вкупно 31 милион евра. Тоа значи дека кон крајот на март, по обработката на податоците од Платежната агенција, за што ќе бидат неопходни две до три недели, се  планирани и ќе бидата исплатени тие 31 милион евра. Сѐ на сѐ, на тутунопроизводителите вкупно ќе им бидат исплатени 125 милиона евра, од кои 60 отсто се во Прилепскиот регион. Заедно со субвенциите и просечната цена, тутунарите добиваат по околу 300 денари по килограм откупен тутун, изјави Димковски.

Директорот Шапуриќ уверува дека целиот произведен тутун е откупен. Инспекторатот постојано беше на теренот и вкупно се направени рекордни 3.000 контроли од почетокот на откупот, од кои само годинава до 25 февруари се 600 инспекциски контроли, вели Шапуриќ!

Сѐ беше за да нема неправилности и ние не уочивме неправилности. Последните денови сите дежурни откупни пунктови беа отворени. Според нашите информации, од Сојузот на земјоделските здруженија и од откупувачите сѐ е откупено и ниту еден производител не беше вратен од пунктовите. До второстепената комисија во текот на откупот имаше една-две жалби прифатени и три повлечени, рече Шапуриќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...