Откако Муро доби збор извади свршенички прстен и ја запроси својата колешка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 11:40

ЗАПРОСУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТ : Пратеник побара збор и ја запроси својата колешка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неочекувана случка во парламентот во Италија ги израдува пратениците.  Имено станува збор за еден романтичен потег од страна на Флавио Ди Муро, пратеник на партијата Лига Север, кој откако побара збор на говорницата направи сосема неочекуван потег.

Откако Муро доби збор извади свршенички прстен и ја запроси својата колешка.

Овој ден за мене не е ден како и сите други, не е обичен ден туку посебен. Претседателе на Собранието јас говорам во моментот.  „Елиза, дали сакаш да се омажиш за мене?“, запраша пратеникот Ди Муро.

Ваквиот потег на италијанскиот пратеник со аплауз и честитки го дочекаа неговите колеги од партијата, но за жал претседателот на Собранието имаше помалку разбирање и му замери на таквото однесување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.