Доколку сакате да ги заштитите забите д-р Сулицер советува дека треба да посветите повеќе внимание на оралната хигиена, односно  да пиете многу течности помеѓу носењето маска и да џвакате гуми за џвакање без шеќер за да го зголемите производството на плунка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 септември, 2020 15:10

Заштитните маски предизвикуваат сериозни стоматолошки проблеми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако носењето на заштитна маска е една од главните препораки за заштита од Ковид 19, сепак стоматолозите велат дека тоа може да биде и штетно и да доведе до оштетување на непцата и забите.

Маската може да се носи до три часа. По ова време, станува влажна, затоа после е неефикасна во заштитата – велат експертите…

Со вакво тврдење е и д-р Џефри Сулицер кој во интервју за Ливерпул Ехо истакна дека проблемот се јавува поради тоа што со носење на заштитна маска луѓето дишат повеќе преку устата отколку преку носот а токму во тоа и е проблемот. Сулицер посочи дека маската ја суши устата, а резултатот може да биде болест на непцата.

„Покривањето на устата и носот подолг временски период ќе ве натера да дишете преку устата. Резултатот е сува уста, а потоа се зголемува веројатноста за заболување на непцата и лош здив“, вели д-р Сулицер.

Па доколку сакате да ги заштитите забите д-р Сулицер советува дека треба да посветите повеќе внимание на оралната хигиена, односно  да пиете многу течности помеѓу носењето маска и да џвакате гуми за џвакање без шеќер за да го зголемите производството на плунка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...