Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај, да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2019 19:33

За градинките во Скопје утрешниот ден ќе биде работен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако утрешниот ден 7ми мај, беше прогласен за неработен, сепак градинките на територијата на главниот град, Скопје ќе бидат отворени.

За градинките утрешниот ден ќе биде работен

Ова го соопштија од Министерство за труд и социјална политика, од каде потсетија дека, согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај, да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Скопје. Со одлуката се опфатени основните и средните училишта.

-Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата светост папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје, соопшти попладнево владината прес-служба. Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на папата Франциск. Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден, се наведува во соопштението од Владата.

Патата за прв пат во Македонија ќе дојде утре каде ќе оствари средби со државниот врв и ќе оддржи литургија на плоштадот Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.