Јоханес Хан од голема желба да не види во ЕУ ниту еднаш не кажа "Македонија"

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 7:32

За еврокомесарот Хан и Северна да е во ЕУ ќе може по 2025 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еврокомесарот за проширување на Европската унија ја започна кампањата за успешен Референдум за земјата на која не смее да и спомне име. Хан истакна дека е задоволен од стратегијата на ЕУ за Западен Балкан затоа што сега се работи со нова динамика.

Умешно го избегна одговорот дека Србија и Црна Гора имаат постигнато најголем напредок изминатата година за започнување пристапни преговори за членство во ЕУ па политички изјави:

“Прво и најважно – Поранешната Југословенска Република Македонија – ја надмина длабоката политичка криза со демократски средства. Земјата постигна значителен напредок во спроведувањето на договорот од Пржино и реформските приоритети на новата прореформска и проевропска влада. Особено значајни се напорите на Владата – на премиерот Заев за добрососедски односи. По договорот за пријателство со Бугарија – конечно – по 27 години залудни напори со посредство на ОН – спорот за името помеѓу Скопје и Атина е решен. Овој историски договор претставува значаен чекор кон реализација на евроатлантската перспектива на земјата.” 

Хан не пропушти да потсети на кои резултати се надева на 30-ти септември па истакна дека за успешен договор е неопходен и успешен референдум со што по навика започна како и пред договорот во Пржино да се меша во внатрешните работи на државата .

Хан беше идејниот креатор на пржинскиот договор и неговата реализација кога имаше политичка согласност дека политичката криза е внатрешно прашање на Македонија. 
На фотографијата Еврокомесарот Јоханес Хан на седница на Влада на Република Македонија со премиерот Зоран Заев.

“Поради тоа – ги повикувам сите политички фактори конструктивно да работат за да ја постигнат оваа цел а не да го загрозат напредокот поради дневна политика. Се работи за иднината на земјата – поради што референдумот за договорот со Грција и новото име треба да се спроведе што е можно поскоро. Ратификацијата и успешниот референдум се суштински чекори на патот кон членство во НАТО и ЕУ.”

На крајот Хан сепак одговори дека е точно оти 2025 година по Стратегијата за проширување е наведена како година за можно проширување на ЕУ  по што со дипломатски став изјави дека тој индикативен датум не е предалеку – бидејќи за реформи и усвојување на стандардите на ЕУ е потребно време и дека не станува збор само за промена на законите туку и нивна примена.

Хан избегна да ги рангира државите кои чекаат пред вратата на ЕУ но на инсистирање истакна дека реално Србија и Црна Гора имаат постигнато решенија на најголем дел од пристапните “прашања” по што на исто ниво се наоѓаат Македонија и Албанија а последно е Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.