Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје е истакнато дека најголем број на заразени се повозрасните лица

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 19:51

За една недела над 100 ново заразени од морбили

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над 100 нови случаи на морбили, се регистрирани во текот на минатата недела. Ова го соопштија денеска од центарот за Јавно здравје. Минатата недела биле регистрирани нови случаи на мали сипаници во 20 градови од земјава.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем која најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката).

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје е истакнато дека најголем број на заразени се повозрасните лица, но за среќа нема нови жртви како последица на морбили.

Во извештајот стои дека околу 70% од луѓето заболени од мали сипаници се постари од 20 години, како и дека 99% од заразените деца се на возраст од 0-3 години се пријавени како невакцинирани.

Епидемологот Гордана Кузмановска вели дека продолжува тенденцијата на заболување од мали сипаници кај повозрасните, а се потврдени со лабораториски испитувања.

– Што се однесува до возраста на заразените, повеќето од случаите се возрасни лица, односно продолжува тенденцијата на заразување со мали сипаници кај старите лица. Речиси 40% од заразените се на возраст над 30 години, ако ги броиме овде и лицата од 20-29 години, тогаш овој процент е над 50. 38% се од нула до четири години, додека другите се со средна возраст. Најголем број се потврдени со лабораториски испитувања, околу 50% други главно се епидемиолошки, а други само со клинички слика – вели Гордана Кузмановска, епидемиолог.

Инаку најголем број на заболени од морбили и натаму има во главниот град, додека пак голем број се регистрирани и во други градови во Македонија. Минатата недела епидемијата на мали сипаници беше прогласена во Струга и Кичево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести