Заев побарал со закон да се спречи говорот на омраза во филмот „Ругање со Христос“, во кој има сцени од вистински настани за вистински убиства од војната во 2001-ва

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 14:44

За Заев спомнувањето на убијците од војната во 2001-ва е говор на омраза?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска прашан за филмот „Ругање со Христос“ изјави дека побарал од министерот за култура и директорот на Агенцијата за филм да ги спречат ваквите активности во кои се промовира говор на омраза.

Не можеме да го вратиме времето назад, но му дадов задача на министерот за култура да разговара со директорот на Агенцијата за филм да ги спречат и да најдат законски начин за сите активности на промоција на вакви дела – истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.

Тој додаде дека она што е финансирано од Агенцијата за филм во 2015 година е апсолутно со политичка заднина и ги осуди сите пораки што шират говор на омраза.

Вчера, и министерот за култура Арбр Адеми на прес-конференција го осуди говорот на омраза што го поттикнува филмот и истакна дека филмот нема никаква врска со актуелниот состав на министерството.

По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со министерството и актуелниот состав на министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година – истакна вчера Адеми на прес-конференцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.