Судската полиција не им дозволи на две пратенички и граѓани да влезат на судењето за „ТНТ“

Објавил: Македонка Димкин | 20 декември, 2019 12:53

За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема пристап во Судот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Утрово почнува распитот на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“, а прв кој ќе дава одбрана е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Пратеничките Невенка Стаменковска, Жаклина Пешевска, Александар Трајковски од предметот за насилствата пред Општина Центар, како и други поддржувачи од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, од утрово чекаат пред влезот на судот и пред влезната врата и сакаат да влезат на судењето за предметот „ТНТ“ како јавност.

Фијат Цаноски е роден на 2 октомври 1960 година во Струга. Според еден извор, неговото семејно потекло е од селото Октиси. Цаноски е еден од основачите, заедно со Бојо Андрески, на еден од првите приватни факултети во Македонија – Факултетот за општествени науки (ФОН) со насоки европско право и право на ЕУ, дипломатија и меѓународна политика и банкарски менаџмент. Во 2006 година, го создава приватното средно училиште „Петта приватна гимназија“. Во прислушуваните разговори, името на Фијат Цаноски е споменувано од високи државни функционери, што се индиции за политичка пресметка со Фијат како политички опонент.  Резултатот е очигледен – комплексот „Космос“ е урнат во 2011 година.
СЈО за случајот „Космос“ на 21 април 2016 година го отвори случајот „ТНТ“ и покрена обвиненија. Со обвинението не беа опфатени аболицираните: поранешен премиер; поранешен министер за транспорт и врски и градоначалникот на општина Гази Баба, но осомничени се и четворица други соработници и бизнис партнери на општината, кои директно се инволвирани во незаконското рушење на „Космос“.

Велат дека дошле да дадат поддршка, но полицијата не ги пуштала на судењето од безбедносни причини и дека ќе останат пред влезот до крајот на судењето. Од судот велат дека местото во судницата е исполнето со новинари кои се присутни како јавност.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски.

СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Предметот е во доказна постапка и преостанаа уште двајца сведоци и сослушување на обвинетите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.