Ставрев соопшти дека поради здравствени причини Кочовска, чиј мандат беше истечен до судот поднела неотповиклива оставка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јануари, 2020 11:38

Постапката за Т.Н.Т се враќа на почеток- поротничката си даде неотповиклива оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото република.мк

Постапката за случајот „Т.Н.Т“ ќе почне од почеток. Ова на денешното рочиште го соопшти судијата Огнен Ставрев бидејќи поротничката Лилјана Ивановска Кочовска утрово си дала неотповиклива оставка.

Ставрев соопшти дека поради здравствени причини Кочовска, чиј мандат беше истечен до судот поднела неотповиклива оставка.

Ставрев побара според закон, постапката да започне од почеток. Обвинетите и адвокатите до утре треба да се изјаснат дали се согласуваат тоа да се случи во скратена постапка.

Се одеше според планот, но се до моментот кога сватот на Фијат Цановски, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски не беше уапсен во декември 2010 година. Откако во јавноста се шпекулираше дека Цаноски финансиски ја помага А1 телевизија, почнаа проблемите за тогашниот пратеник, лидер на ПЕИ и сопственик на универзитетот ФОН.

Рочиштето е закажано за утре во 12 часот.

Овој судски процес за уривањето на „Космос“ познат во јавноста како ТНТ го започна СЈО.

Пред извесно време и оштетениот Фијат Цаноски кој е сопственик на урнатиот комплекс Космос истакна дека предолго се одложуваат рочиштата за случајот „ТНТ“.

Тој потсети дека од околу 25 рочишта во последните две години, десетина беа одложени. Тој вели дека најверојатно се надеваат дека на закажаните предвремени избори ВМРО ќе добие власт и ќе се спасат преку како што вели „Сваровски судството“.

За уривањето на овој комплекс јавноста дозна пред три години, односно по објавените бомби на сегашниот премиер во заминување Зоран Заев. Бомбата не беше негирана од поранешниот премиер во бегство Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а тоа само потврдо за немилосрдноста на државниот врв за скоро крвничката одмазда кон Фијат Цановски.

Беше предвидено Космос да биде мини град со околу 4.000 жители, модерен станбено – деловен центар од затворен тип со 24-часовна услуга, ротирачки ресторан на кровот…Ова беше проектот зад кој како инвеститор застана Фијат Цановски. Почна да се гради, на почетокот од 2011 година, планот беше комплексот „Космос“ да биде завршен на 31.12.2012 година. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.