ВМРО ДПМНЕ ќе протестира денеска од пред ЈО па се до Врховниот суд!

Објавил: Владо Марин | 25 февруари, 2020 9:21

НАЈЧЕВСКА: Исфрустрирани индивидуи сакаат да бидат водичи на маршеви и бели коњи-Дајте нормални луѓе во државава

Фото/Текст извор: ©Магазин

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира за, како што велат, заробените судски органи од мафијата предводена од Зоран Заев.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ги повика граѓаните да му се придружат на протестот пред Јавното Обвинителство со цел да се стави крај на пречката наречена Зоран Заев.

Протестот ќе заврши пред Врховниот суд.

На оваа најава на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска во која вели дека правдата не се обезбедува со маршеви на политички партии туку со ветинг во правосудството и јавно обвинителство со моќни механизми кои не се заробени од политички партии.

Во својата објава таа исто така вели дека правдата се обезбедува со закони кои го штитат јавниот интерес на граѓаните и индивидуалните права на граѓаните!

Ахахахаха.
Ма добро бре сите политички партии сакаат да бидат невладини организации?
Не знаат што да прават па маршираат?
Или само дигаат прашина за да не се види дека всушност не ни сакаат никаква промена која на било кој начин може да ја загрози неказнивоста на секој оној кој ќе дојде на власт.

Правдата не се обезбедува со маршеви на политичките партии туку со ветинг во правосудството, со независно судство и јавно обвинителство, со моќни контролни механизми кои не се заробени од политичките партии и со повисоки казни за функционерите, пишува Најчевска.

Правдата се обезбедува со закони кои го штитат јавниот интереси и индивидуалните права на граѓаните, а не со закони кои треба да обезбедат овековекување на владеењето на партиските челници.

Доста бре од исфрустрирани индивидуи кои сакаат да бидат водачи на бели коњи кои маршираат на чело на колоната, дајте нормални луѓе кои со својата секојдневна работа ќе обезбедат развој на заедницата и излез од стапицата на авторитарноста, вели Најчевска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.