за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на „Северна„ Македонија да ги добие гласовите на Албанците затоа што нашата земја е мултиетничка и мултиконфесионална и оттаму баланс во односите меѓу нациите и религиите се клучни за стабилноста“.

Објавил: Македонка Димкин | 10 март, 2019 14:59

На Стево Пендаровски важно му е да гласаат Албанците, за Македонците сеедно ?!

Фото/Текст извор: ©јутарни / магазин

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на „Северна„ Македонија да ги добие гласовите на Албанците затоа што нашата земја е мултиетничка и мултиконфесионална и оттаму баланс во односите меѓу нациите и религиите се клучни за стабилноста“.

Пендаровски потсетува на потпишаните договори со Бугарија и Грција и вели дека доколку стане претседател ќе развие добри односи со сите соседи.

„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат “, вели Пендаровски, додавајќи дека заклучокот на минатогодишниот самит на ЕУ и Западен Балкан во Софија е дека ЕУ во јуни ќе одреди датум за почеток на преговори со Северна Македонија.

„Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голема дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година“, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.


Вчера пак во една емисија на ТВ Алсат, запрашан дали се уште смета дека ДУИ е тендер партија и криминална структура кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател Стево Пендаровски вели дека е погрешно да се каже дека цели партии се криминалнии.

Обидувајќи да ги амортизира критиките кои ги давал додека ДУИ беше со ВМРО-ДПМНЕ тој сега вината за криминалот ја наоѓа во поединци во ДУИ кои што не ги именува?

Дури во обид да даде аргументи за промената на ставот кон ДУИ од која сега чека гласови и без кои не може ни теоретски да победи Пендаровски вели дека и ВМРО- ДПМНЕ не е криминална партија туку дека се работи за поединци кои што правеле криминал но и дека партиите се криминални.

На последната Анкета на јавното мислење што ја направи Магазин а што траеше една недела заклучно со 9 Март, за Стево Пендатовски се изјасниле 32,74% на повеќе од 2200 испитаници.

[yop_poll id=”16″]

Во своите предходни јавни настапи и критики на ВМРО-ДПМНЕ Пендаровски никогаш не зборувал за поединци туку за партиите ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како криминална структура.

Тој во својот настап во Патот кон на Алсат М, споменува дека против ВМРО-ДПМНЕ како партија има предмет во СЈО а ги споменува и Мендух Тачи и Амди Бајрам но вели дека тоа не е доволно да ги прогласи целите партии за криминални.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.