Македонија 27 години навикнала дипломати и државници од светот дома да ни говорат едно, а кога ќе отпатуваат да го кажат своето искрено мислење, како да сме земја од третиот свет

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 8:00

За Столтенберг во Грција сме Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Столтенберг во Атина со остар тон дека ако не успее референдумот за Северна Македонија, се поткопува соработката со НАТО?!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и во Атина со истата порака како и кај нас. Договорот во Македонија ќе се имплементира, и грчкиот парламент треба да го ратификува и кај нив, во спротивно би се поткопал националниот кредибилитет на земјата

Тој ова го вели, одговарајќи на прашањето што доколку договорот помине во Македонија, а не во Грција, со оглед на позициите на коалицискиот партнер во грчаката влада Независни Грци, и опозициската Нова Демократија, која отворено е против Догворот, и вели дека нема да го поддржи кога ќе треба да се гласа во парламентот.

Уверен сум дека ако се гласа ЗА на референдумот во ФИРОМ, тие ќе го имплементираат, бидејќи на сите мои политички средби во Скопје тоа ми беше истакнато. Секако, тоа е демократски процес во двете земји. НАТО не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака, но уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Се друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на која било од земјите“ – вели Столтенберг.

Во однос на тоа што ако се смени власта во Македонија и ги поништи уставните измени, Столтенберг вели дека промената на уставот е сложен процес, но дека при потпишувањето на меѓународните договори секогаш треба да има и малку доверба.

Не е ништо ново во меѓународните односи, државите да потпишуваат договори базирани на минимална доверба, а ова важи и во конкретниот случај за двете страни. Ако нема доверба, нема начин да постои каков било договор, но и не може да се направи никаков вид на соработка и напредок во односите меѓу земјите, – смета Столтенберг.

Во тој случај, вели Столтенберг се поткопува соработката со НАТО во изминативе години, која се градела чекор по чекор.

Столтенберг би било прикладно да одговори што и недостига на Норвешка која не е членка на ЕУ или на Австрија која не е членка на НАТО?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.