Нови цени на горивата

Објавил: Калина Мартинска | 8 април, 2024 20:40

За три часа поскапи горива

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара, Еуросупер БС-95 за 1,5 денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Литар дизел од полноќ ќе чини 78 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 88,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-95 ќе чини 86,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 77 денари за литар, а мазутот по 45,173 денари за килограм.

Ова се новите цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм).

Истиот период пред пет години

Пред пет години, кога Регулаторната комисија за енергетика донела одлука, цените на горивата во период од 02.04.2019 – 15.04.2019 биле следниве:

Eurosuper Eurosuper Eurodizel BS Maslo za gorewe
BS-95 BS-98 (D-E V) (EL-1)

ЕУРОСУПЕР БС 95- 68,50 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС 98 – 70,50 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ – 61,00 ден/лит
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ – 49,50 ден/лит

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.